СООПШТЕНИЕ

Бачовски : Започна исплатата на мерките од Интервентниот фонд за земјоделство


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја исплати финансиската поддршка од интервентниот фонд за земјоделство предвидена за одгледување на кокошки – несилки.
Исплатени се 68.5 милиони денари кон 49 корисници.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства – производители на конзумни јајца кои се запишани во Регистарот на одгледувалишта на животни.
Висината на поддршката изнесува 60 денари по несилка која се наоѓа на одгледувалиштето и е на возраст за производство на конзумни јајца.
Финансиската поддршка се изврши со административна контрола на поднесено барање и доставен документ издаден од официјален ветеринар за бројната состојба на несилките на денот на извршената контрола од страна на официјалниот ветеринар во период од 07.04 – 15.04 2022 година.
,,Со усвојувањето на Интервентниот фонд од страна на Владата, а на предлог на МЗШВ се овозможи финансиската поддршка за одгледување на кокошки несилки, предадени јагниња во кланични капацитети, заклани гоеници во кланични капацитети, како и финансиска поддршка за производителите на пченица, пченка, јачмен и сончоглед за набавка на вештачки ѓубрива. Во следниот период ќе продолжи исплатата на финансиска поддршка за споменатите категории, за што се ставени на располагање финансиски средства во висина од 400 милиони денари” – појаснува Бачовски.