СООПШТЕНИЕ

Преку Програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството исплатени над 11 милиони денари


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој денес преку програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството исплати 719 корисници со сума од 11.978.631,00 денари.

Првиот човек на АФПЗРР Бачовски информира :

“ Ова е втора по ред исплата по основ субвенција за набавено вештачко ѓубриво кое финансиски се поддржува преку Интервентниот фонд. Веќе имаме над 1800 производители на пченица, пченка, јачмен и сончоглед кои се поддржани со 27 милиони денари."


АФПЗРР и во наредниот период продолжува со имплементација на мерките од интервентниот фонд. Грижата за земјоделците останува во нашиот фокус, а крајната цел е зголемено домашно земјоделско производство.