ИЗМЕНА НА ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2022

Влада на Република Северна Македонија
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Врз основа на член 9 став 1 точка б од Законот за ратификација на Секторската спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија за воспоставување на одредби за управување и спроведување на финасиската помош на Унијата за Република Македонија според Инструментот за претпристапна помош во областа на политиките за „Земјоделство и рурален развој" (ИПАРД) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/2016), врз основа на Дел II мерка Диверзификација на фармите и развој на бизниси точка 11 од Програмата за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за период 2014-2020 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 177/2016), и врз основа на член 6 од Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерките за рурален развој финансирани од програмата ИПАРД 2014-2020 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/2016) и („Сл. весник на Република Северна Македонија“ бр. 58/2019). Одлука на Европска Комисија C(2021) 5552 од 19 јули 2021.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
на 2. септември 2022 година објавува

 

ИЗМЕНА НА ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2022


за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”” од ИПАРД Програмата 2014-2020 (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 167/2022) Во дел 1, точка 4, текстот:

,,Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува: 5.028.568,00 евра или 310.237.491 денар, со можност истата да се зголеми за времетраење на јавниот повик.“ Се менува и гласи:

“Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува: 5.785.728,63
евра или во денарска противвредност 356.806.407,00 денари.“

В.Д. ДИРЕКTOP
Никица Бачовски