СООПШТЕНИЕ

Доделени договорите за финансиска поддршка преку мерката за поддршка на активен женски член во земјоделското домакинство” од програмата за рурален развој

Првиот човек на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – Никица Бачовски заедно со министерот за земјоделство , шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денес во просториите на Клуб на пратеници ги врачија договорите за финансиска поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство.
Директорот на Агенцијата Никица Бачовски истакна дека се работи за мерка која главна цел е подобрување на социо – економската инклзуија на жените од руралните средини преку стимулирање на нивната економска активност во местата во кои живеат.
,,Се работи за мерка од програмата за рурален развој за која беше објавен јавен повик кој заврши во мај 2022 година. По обработката на пристигнатите барања, одобрени беа проектите на 70 апликантки. Принципот на поддршката е врз основа на грант од 100% со кој ќе се финансираат инвестиции до максимална вредност од 360.000 денари” – посочува Бачовски.
Со оваа финансиска поддршка се очекува да се модернизираат производствените капацитети на руралните жени со инвестиции во опрема за преработка на грозје, соларни сушари, опрема за пастеризација, опрема за производство и преработка на сточна храна како и опрема за производство на мед и останати пчелни производи.
Во своето излагање министерот Николовски ја потенцираше важноста на жените во општеството,но и во земјоделската активност преку производството на финални производи од основни земјоделски и сточарски суровини како главна цел на самата мерка.
,, Со средствата од грантот, жените земјоделки можат да набавуваат опрема за винарство, линии за производство на сточна храна, опрема за производство на мед и пчелни производи, опрема за млинови, молзачки, калапи за сирење, машини за преработка и мелење на месо и останата преработувачка опрема, со што ќе можат да развијат нови производи, нови брендови и нова додадена вредност во македонската економија и тоа токму во руралните средини’’ – истакна Николовски
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе склучи договори со сите соодветни кориснички со краен рок за реализација на инвестициите до 31.12.2023 година.
Финансиските средства за поддршка на проектите е обезбедена од програмата за рурален развој и изнесува близу 20 милиони денари.