Од денеска, па се до крајот на август, сите Единици на локалната самоуправа, Центрите за развој на планските региони кои се регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој, ќе може да аплицираат за добивање на средства од Програмата за Рурален развој . Освен ЕЛС, и Центрите за развој на планските региони, за третата мерка односно 323 за Зачувување и унапредување на традиционални вредности во Рурални подрачја може да се пријават и Агенција за промоција и поддршка на туризмот како и Јавното претпријатие „Македонски шуми“. Мерките ги образложија министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и директорот на АФПЗРРЗ, Николче Бабовски. Со помош на овие средства од Програмата за Рурален Развој, ќе овозможиме реализација на капитални инвестиции во општините. Инструментите и политиките за Руралниот развој, ќе овозможат подобрување на квалитетот и условите за живот во помалку развиените подрачја во земјава, а ќе може да ги зачуваме природните, културните и развојните вредности на руралните подрачја.
Максималните суми по мерки што може да ја добијат апликантите се:
321 Мерка за подобрување на животот во руралните средини – 20 милиони денари
322 Обнова и развој на селата – подршката е 20 милиони денари
323 Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини – 15 милиони денари
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски вели дека:
Со мерката 321, апликантите ќе можат парите да ги користат за канализација, поврзување на пат со регионален или локален пат од 5 до 7 км, изградба на водовод и канализација, изградба и обнова на младински културни центри, добиточни пазари и друго.
Преку Мерката 322, средствата може да се искористат за реконструкција, или изградба на селски улици, изработка на Детални урбанистички планови, реконструкција или изградба на плоштади.
Со средствата од Мерката 323, може да се градат патишта за поврзување со објекти од културно, или значање за животот на граѓаните, како и инфраструктурно поврзување со објекти од културното наследство, уредување на излетнички места, и озеленување на површини покрај природни езера или магистрални патишта во Рурални средини. “
Министерот Николовски, рече дека за општините да може да се подготват со проекти, рокот за аплицирање е продолжен и трае до крајот на август. Николовски, вели дека на овој начин ќе се обезбедат нови капитални инвестиции за општините, а граѓаните ќе добијат урбана и транспортна инфраструктура во руралните подрачја. Ќе се решат проблеми со комунална и патна инфраструктура. На тој начин, директно овозможуваме поквалитетни услови за живот на граѓаните. Наша цел и обврска како Влада, е да обезбедиме достоинствен живот за граѓаните од сите општини и во секоја рурална средина. Да им овозможиме на младите да останат, да живеат и да работат во своите родни места. – рече Николовски.
Директорот Бабовски, истакна дека согласно правилата во Повикот, финнсиската поддршка е 100 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестицијата, без ддв. Општините сами си го покриваат Данокот на додадена вредност. Оние корисници кои имаат почнати или нереализирани проекти од претходните години или доколку имаат реализирано проект а не платиле ДДВ, до датум на аплицирање за нови средства нема да имаат можност да аплицираат за Мерката во која не им е реализирана инвестицијата.
Сите кои сакаат да се пријават треба да ги имаат следниве документи:
1. Барање за користење на средства од Програмата во зависност од мерката
2. Основен проект за градба или реконструкција на инфраструктура
3. Ревизија на основен проект
4. Договор или фактури од трети лица за извршување на услуги
5. Детална предмет пресметка
6. Геодетски елаборат
7. Согласности од Советот на општините и градоначалниците.
Еден корисник, може да поднесе најмногу 3 поединечни барања по различни мерки, земајќи ги во предвид сите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерките 321, 322 и 323 се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој. Од АФПЗРР, велат дека барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на барањето. Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договор за ко-финансирање со Агенцијата.