СООПШТЕНИЕ

АФПЗРР : Реализирана исплатата на директните плаќања за полјоделски култури

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска изврши исплата на субвенциите за полјоделски култури.

Исплатени се над 24.000 корисници со вкупна финансиска поддршка од 422.4 милиони денари.

Корисници на поддршката се земјоделските стопанства кои во 2021/2022 година имаат засеани и ожнеани површини со полјоделски култури.

,,Над 24.000 полјоделци со пријавена површина од над 100.000 илјади хектари се стекнаа со финансиска поддршка преку програмата за земјоделство. Висината на поддршката е 6000 денари / хектар, освен за сончоглед и афион каде поддршката е 8000 денари / хектар и поддршката за ориз која изнесува 18.000 денари / хектар” - појаснува директорот Бачовски.

Агенцијата во следниот период продолжува со обработка на барањата за директни плаќања за растително и сточарско производство по што ќе следи исплата за корисниците кои ги исполнуваат условите за добивање на финансиска поддршка.