Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошниот текст: Агенција) ги известува сите заинтересирани субјекти за поднесување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 дека рокот за нивно доставување се продолжува до 21.07.2017 година.
Останатите делови од јавниот повик објавен на 24.04.2017 година остануваат непроменети и неговата целосна содржина може да се најде на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk. Продолжувањето на рокот за доставување на барањата е со цел да се излезе во пресрет на барањата од потенцијалните корисници за подготовка на квалитетни апликации.
Инструмент за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД)