Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес објави јавен повик бр.02/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програма за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година,

Мерка 1 Финансиска поддршка во рибарството

Потточка 1.6 Дополнителна заштита на рибите во риболовните води

Потточка 1.7 Набавка на опрема за заштита на рибите во риболовните води

Потточка 1.8 Финансиски средства за отстранување на постоечките нарушувања на животната средина

Мерка 2 Финансиска поддршка во аквакултурата

Потточка 2.2 Финансиска поддршка за порибителен материјал

Мерка 4 Развој на нови пазари и прпмотивни кампањи

Потточка 4.1 Финансиска поддршка за промоција на рибарство

Потточка 4.2 Финансиска поддршка за маркетинг и промоција на аквакултурно производство

Корисници на финансиска поддршка се Рибарски и риболовни здруженија и концесионерите на риби како и субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура

Јавниот повик се однесува за цела 2025 година, во која корисниците имаат право да аплицираат за одредени периоди во зависност од активноста за која се бара финансиската поддршка.

Упатството за корисниците и потребните документи за поднесување на барање може да се подигне на веб страната на Агенцијата - www.ipardpa.gov.mk