Исплата на дополнителни директни плаќања за предадено јагнеи и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 годинa

 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.

Висината на директните плаќања изнесува 1.000,00 денари по грло предадено кај регистрирани кланични капацитети.

По оваа основа се исплатени 177.533.000,00 денари кон 1.636 корисници