Потсетување за крајниот рок за поднесување на барања за директни плаќања е 15 август 2025 година

 Ги потсетуваме сите земјоделски стопанства дека рокот за поднесување на барања за директни плаќања од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година е до 15 август 2025 година.

Досега барање поднеле 56.100 земјоделски стопанства. 

Ве повикуваме да ја искористите оваа можност и навремено да ги поднесете своите барања.