Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев на покана на Европската комисија учествува на Меѓународната конференција ICE 2025, која од 09 до 11 септември се одржува во Ремс, Франција. Конференцијата е посветена на новите технологии и иновации во земјоделството, со посебен акцент на системот за идентификација на земјишните парцели (LPIS), современите методи за следење (Area Monitoring System) и интегрираниот административен и контролен систем (IACS).
Во рамките на настанот, претставници од земјите членки и кандидатите за членство, вклучувајќи ја и Македонија ги презентираа своите искуства и предизвици во спроведувањето на Заедничката земјоделска политика. Владимир Содиќ претставник од МЗШВ, на конференцијата го претстави IACS-ot во Македонија. Учеството на Агенцијата е значаен чекор за размена на знаења и зајакнување на капацитетите во процесот на модернизација на земјоделските системи и проближување кон европските стандарди.