Прв академски час

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Илија Стоилев присуствуваше на првиот академски час на Факултетот за земјоделски науки и храна, каде на новите студенти им беше посакан успешен почеток на нивното ново животно поглавје. Во рамките на свеченоста, на директорот на Агенцијата му беше презентирана инсталираната опрема за лабараториски анализи за квалитет и безбедност на храна, која е од големо значење за студентите за учење преку пракса, но и за самиот факултет преку испитувањата кои ги врши. Средствата за опремата во износ од 12.000.000 денари, кои Агенцијата ги исплати на факултетот се обезбедени во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година.