До крајот на годинава, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе го објави јавниот повик 02/2025 кој предвидува, инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.
Средствата се обезбедени преку инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма 2021-2027) и Владата на Република Северна Македонија.
Целта на ИПАРД Програмата 2021-2027 е преку содветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија, како и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.
Претстојниот јавен повик на ИПАРД Програмата 2021-2027 овозможува зголемени можности по однос на типот на инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници или генерално се поддржуваат инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи во насока на подобрување на вкупните перформанси, економската продуктивност и конкурентноста на претпријатијата од индустријата за преработка на храна.
Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 налагаат претходно склучување на договор на корисниците со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Северна Македонија за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија.
Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027 се пропишани во Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.
Јавниот повик ќе трае 45 дена од денот на објавување во дневните весници.
НАПОМЕНА: Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатство за корисници на средства по мерка 3 Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи од ИПАРД Програмата 2021-2027 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик.
Подетални информации во врска со типовите на инвестиции, критериумите за добивање на финансиска поддршка, висината на поддршката по мерки заинтресираните можат да ги добијат во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Целосната најава на огласот можете да ја превземете на линкот: