Наскоро, јавен повик за користење на средства по мерка 7

 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, до крајот на годинава, ќе го објави Јавниот повик 03/2025 за доставување на барања за користење на средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма 2021-2027)

 Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 во врска со спроведување на овој Јавен повик од 2025 година се наменети за следната мерка:

 Ø  Мерка 7 - Диверзификација на фарми и развој на бизниси и тоа следните приоритетни сектори:

 

·         Aлтернативно земјоделско производство (кое не е поддржано според мерките 1 и 3),

·         Праработка на алтернативни земјоделски производи (кое не е поддржано според мерките 1 и 3),

·         Производство на храна и пијалаци

·         Производство на не-прехрамбени производи (за сите активности кои се опишани во Анекс 14 од ИПАРД Програмата 2021-2027),

·         Поддршка на занаетчиски активности,

·         Поддршка на услуги за руралното население,

·         Поддршка на услуги во земјоделството

·         Поддршка на руралниот туризам

Претстојниот јавен повик на ИПАРД Програмата 2021-2027 овозможува зголемени можности по однос на типот на инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници или генерално се поддржуваат инвестиции во          Диверзификација на фарми и развој на бизниси лоцирани во руралните средини во насока на подобрување на вкупните перформанси, економската продуктивност и конкурентноста на претпријатијата.

Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 налагаат претходно склучување на договор на корисниците со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Северна Македонија за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија.

Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027 се пропишани во Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.

Јавниот повик ќе трае 45 дена од денот на објавување во дневните весници.

Сите информации во врска со јавниот повик може да ги превземете на следниот линк:

https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/IpardPovici/34