Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 39 производители на вино им исплати 59 942 278 денари.
Средствата се исплатени по Мерка 1.2 од програмата за интервентен фонд за 2025 година, која предвидува финансиска поддршка за произведено вино. Висината на финансиската поддршка изнесува 2 денари по литар произведено вино од откупени количини на грозје од реколта 2024 година. Максималната количина на произведено вино која е прифатлива за финансиска поддршка е до 4 илјади литри вино по корисник.