Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 48 корисници на средствата за набавка на комбајни за ориз им исплати 28 779 597 денари.
Средствата се исплатени по Мерка 121.7, која предвидува „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“, набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз. Максималната финансиска поддршка по корисник изнесува 600 000 денари.