Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска им го честиташе 8 Март – Меѓународниот ден на жената, на сите драги земјоделки и рурални жени, како и на вработените во Агенцијата.
Денот посветен на правата и можностите на жените, нивните достигнувања и идните перспективи, треба да биде мотив за сите уште поактивно да земат учество во креирањњето на земјоделските политики, нивно реализирање, но и превземање на поголем број на агробизниси кои ќе бидат предводени од жени, додаде Иротова Лазарева.
Таа вели дека и при креирање на владините политики, се дава предност на жените фармери, каде апликациите на кои носител е жена се предвидени и повисоки средства, а за 2026 година објавена е и посебната, програма за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност. 


