Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 276 градинари им исплати 136 450 639 денари. Средствата се исплатени како дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети. Корисници на оваа подмерка се сите земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со градинарскикултури и се корисници од подмерка 1.4. на оваа уредба, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитет за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на ткупувачи на земјоделски производи:
Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури, освен за пиперката од сорта куртовска капија каде висината на директните плаќања изнесува 5 денари по килограм за предадените количини во период мај-јуни 2024 година и ноември-декември 2024 година.