Исплатени 40 319 770 денари за производство на домашен лозов и овошен саден материјал

 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 8 корисници им исплати 40 319 770 денари за производство на  домашен лозов и овошен саден материјал. Средствата се исплатени по Подмерка 1.13 која предвидува надомест за средства за правни лица запишани во Регистарот на снабдувачи за саден материјал кои имаат:

Произведен лозов и/или овошен саден материјал во 2024 година согласно Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и имаат добиено сертификат за конечно сертифициран саден материјал;

Произведени, продадени на домашен пазар, како и потрошени за сопствени потреби домашни лозови и/или овошни садници најдоцна до 30 април 2025 година;

Висината на директните плаќања изнесува 30 денари по лозов и 35 денари по овошен садник од категоријата САС (стандарден) саден материјал за произведени и продадени садници, вклучително и садници кои се употребени за сопствени потреби;

Висината на директните плаќања изнесува 35 денари по лозов и 40 денари по овошен садник од повисока категорија на сертифициран саден материјал за произведени и продадени садници, вклучително и садници кои се употребени за сопствени потреби;

Прифатлив број на овошни култури по хектар кои ќе бидат прифатливи за потрошениот саден материјал за сопствените потреби, е даден во Табела за минимален број на овошки

садници по хектар за постоечки производни овошни насади по овошни видови во Прилог 5 од оваа уредба и

Прифатлив број на лозови садници кои ќе бидат прифатливи за потрошениот саден материјал за сопствените потреби е 1.389 садници по хектар.