Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 16 производители на семенски материјал им исплати 38 793 297 денари

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 16 производители на семенски материјал им исплати 38 793 297 денари. Средствата се исплатени како дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за произведен и продаден  домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни,  фуражни, индустриски, градинарски култури.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал кои имаат произведен семенски материјал во 2024 година и продаден до 1 март 2025 година или користен за сопствени потреби и имаат добиено конечни сертификати согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија.

Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал кои имаат произведен семенски материјал од тутун од Ц1 генерација во 2024 година и имаат добиено конечни сертификати согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;

Минимална прифатлива сертифицирана количина за тутун е 70 кг/ха пријавена површина;

Висината на директните плаќања за тутун изнесува 80.000 денари/ха;

Минимална прифатлива сертифицирана количина за житни култури (пченица, јачмен и тритикале) е 2,50 тони по хектар пријавена површина со 50% продадени количини од произведените или користени за сопствени потреби;

Минимална прифатлива сертифицирана количина за сточен грашок е 1 тон по хектар пријавена површина и

Висината на директните плаќања за пченица, јачмен, тритикале и сточен грашок изнесува 20.000денари по хектар за прва генерација (Ц1)