Вработените во АФПЗРР, денеска на површина од 15 хектари засадија 30 000 садници

Вработените во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во соработка со Ј.П. Македонски шуми денеска во Радовиш извршија пошумување на опожарена шума од 2024 година.  На површина од 15 хектари ќе бидат засадени 30 000 млади садници од црн бор, багрем, јавор, и јасен.  

Директорката, Даниела Иротова Лазарева истакна дека акцијата за пошумување се спроведува како резултат на ,,тим билдинзи,, кои што треба да ги прави Агенцијата. Овој ден го реализираме бидејќи треба да се одработи еден работен ден кој беше споен за време на празниците и одлучивме тој работен ден да го замениме со акција за пошумување, се со цел да придонесеме и да помогнеме на природата пред се но и на Ј.П. Македонски шуми да ги реализираат своите активности и овие опожарени локалитети, кои треба да се пошумат, да  придонесеме со работна сила.

Неможеме финансиски да помогнеме, искоментира Иротова Лазарева,  но затоа можеме со работна сила да помогнеме и да се пошумат овие локации. Се надевам дека пошумувањето ќе биде успешно а ние како Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој започнуваме со вакви активности и нема да биде последна оваа акција. Стоиме на располагање на секогаш да помогнеме на начин на кој во моментот можеме.

Директорот на Ј.П. Македонски Шуми, Здравко Трајанов пак го повика и граѓаните на Радовиш да се приклучат на акциите бидејќи ова е само почеток и дел од планот за реализација на пошумувањето не само во радовиш туку и на останатите опожарени површини низ Македонија.

Ова е пример на Агенцијата, кој што и останатите институции треба да го следат, додаде Кире Михаилов од Ј.П. Македонски Шуми.

Видео од настанот: https://www.facebook.com/reel/1977435876534880?locale=mk_MK