Исплатени субвенциите за млеко, на сметките на 4545 сточари префрлени се 269 947 935 денари

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 4545 производители на млеко, им исплати 269 947 935 денари. Средствата се исплатени по Мерка 2.3, за период јануари-јуни 2025 година.

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови животни (говеда, овци и кози) и сопственото производство го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко за период од јануари 2025 година до декември 2025 година, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

-Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови животни (говеда, овци и кози) за произведеното млеко за период од јануари 2025 година до декември 2025 година, за потребите на сопствениот преработувачки капацитет запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

-Минимална прифатлива количина млеко изнесува 300 литри месечно по земјоделско стопанство;

-Висината на директните плаќања изнесува 6 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко и

-Висината на директните плаќања изнесува 7 денари по литар произведено и предадено овчо и козјо млеко.