Исплатени 3 746 560 денари кон 167 сточари, за предадени грла говеда во кланичен капацитет

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 167 сточари им исплати 3 746 560 денари. Средствата се исплатени по Мерка 2.6 која се однесува на дополнителни директни плаќања од подмерка 2.5 за одгледани или заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло и се корисници од подмерка 2.5. на оваа уредба, грлата говеда да не се помлади од осум месеци и да не се постари од 24 месеци,да имаат минимална тежина од 450 килограми на денот на колење и да се од следните раси: сименталско, оберинталско, монтафонско, херефорд, шароле, абердин ангус, белгиско плаво, лимузин, а буша и други раси или мешавини од различни раси да имаат минимална тежина од 250 килограми и истите да се чувани најмалку три месеци во одгледувалиштето до денот пред да се предадат во кланичен капацитет и


-Висината на директните плаќања изнесува 4.000денари по продадено или заклано грло говедо за следните раси: сименталско, оберинталско, монтафонско, херефорд, шароле, абердин ангус, белгиско плаво и лимузин, а 3.000 денари за следните раси: буша и други раси или мешавини од различни раси.