ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

Врз основа на член 9 став 1 точка б од Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Комисијата на Европските Заедници за правилата за соработка во однос на финансиската помош од ЕК на Република Македонија и спроведување на помошта според компонента V (ИПАРД) од инструментот за претпристапна помош (“Сл. весник на РМ“ бр. 38/2016), врз основа на Дел II мерка Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи точка 11 од Програмата за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за период 2014-2020 (“Сл. весник на РМ“ бр. 177/2016), и врз основа на член 6 од Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерките за рурален развој финансирани од програмата ИПАРД 2014-2020 (“Сл. весник на РМ“ бр. 64/2016)

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

на 30 ноември 2018 година објавувa

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2018

за доставување на барања за користење на средства од

ИПАРД Програмата 2014-2020

 

македонска верзија долга | албанска верзија долга