Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска во просториите на општина Ново Село, оствари средба со производителите на храна. Пред присутните земјоделци, беше презентирана можноста за користење на државната помош,која се нуди преку програмите за поддршка и развој на земјоделскиот сектор.
За еден месец реализирана е исплата од преку 2 милијарди денари, по огромен број мерки од кои поголемиот дел се заостанати неиспатени субвенции, истакна Иротова Лазарева.
Таа ја потенцираше отвореноста на Агенцијата со цел надминување на проблемите на сите апликанти и додаде, се обидувам да направам една динамика на исплата на редовно сервисирање на обврските, иако морам да признаам дека ние бевме затекнати со обврски кои што не беа исплатени 2023, 2024 и 2025 цела програма не е исплатена. Полека го надминуваме ова и субвенциите се исплаќаат. Продолжуваме со динамиката и се надеваме дека за наредната година ќе имаме редовна исплата според однапред утврдена динамика.
На средбите со земјоделците, како дел од кампањата ,,Прашај ја Агенцијата,, секогаш се и вработените, одговорни за преглед на документацијата но и контрола на терен. На сите присутни кои имаат некаков спорен момент во врска со нивните апликации, директно во системот им беа проверувани сите податоци, а проблемите решавани на самата средба. Една апликација содржи документи од повеќе институции, кои земјоделците поради неинформираност ги немаат комплетирано или се погрешно поднесени, при што беа упатени како овие недостатоци да ги елиминираат се со цел државната помош да им биде исплатена.



