Директорката на АФПЗРР Даниела Иротова Лазарева, на средба со земјоделците од Штип

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска во просториите на општина Штип, оствари средби со земјоделците.

Пред присутните истакна дека, конечно се става ред во секторот и субвенции ќе добијат само производителите на храна што навистина ги заслужуваат. Исто тека се разгледуваат и опциите за осовременување на стопанствата со механизација. Но не како до сега, туку се размислува за промена на начинот на кој ќе се распределуваат. Една од опциите е државата да ги набави тракторите и приклучната механизација која потоа ќе им биде доделена на земјоделците.

На средбите со земјоделците, како дел од кампањата ,,Прашај ја Агенцијата,, и ,,Гласот што го слушаме –македонско најдобро,, секогаш се и вработените, одговорни за преглед на документацијата но и контрола на терен. На сите присутни кои имаат некаков спорен момент во врска со нивните апликации, директно во системот им се проверувани сите податоци, а проблемите решавани на самата средба. Една апликација содржи документи од повеќе институции, кои земјоделците поради неинформираност ги немаат комплетирано или се погрешно поднесени, при што беа упатени како овие недостатоци да ги елиминираат се со цел државната помош да им биде исплатена.