Исплатени 1 021 527 000 денари за обележани грла овци постари од 12 месеци

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 2139 одгледувачи на овци им исплати 1 021 527 000 денари.

Средствата се исплатени по Мерка 2.6 и е наменета за земјоделски стопанства, одгледувачи на овци кои поседуваат минимум 30 овци кои се постари од 12 месеци на денот на поднесување на барање за поддршка и се евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на овци/кози и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2025 година;

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои предале или заклале јагниња во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло; -Корисниците во 2025 година треба да имаат предадени или заклани јагниња во регистриран кланичен капацитет најмалку 50% од бројот на декларираните грла овци во барањето за финансиска поддршка од оваа поддмерка и -Висината на директните плаќања изнесува 3.000 денари по грло.