Исплатени 1 060 218 денари за оризова арпа од интервентен фонд

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 10  корисници им исплати 1 060 218 денари, за предадена оризова арпа на регистрирани откупувач и/или преработувачи.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.1. „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, кои имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство го имаат предадено на регистрирани откупувачи и/или
преработувачи во период од 1 октомври 2024 година до 28февруари 2025 година, како и во периодот од 1 март 2025година до 30 септември 2025 година, кои се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

2. Максималната количина на оризова арпа која е
прифатлива за финансиската поддршка е 8.000 килограмипо пријавен хектар со оризова арпа по подмерка 1.1.„Директни плаќања по обработлива земјоделска
површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

3. Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари по килограм за количини предадени во период од 1 октомври 2024 година до 31 октомври 2024 година и 6 денари по килограм за количини предадени во период од 1 ноември 2024 година до 28 февруари 2025 година, како и
во периодот од 1 март 2025 година до 30 септември 2025 година.