Исплатени 89 465 370 денари кон 2381 поледелец

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 2381 корисник им исплати 89 465 370 денари, кои во производната 2024/2025 година имаат засеани и ожнеани површини со следните култури: пченица, јачмен, пченка, ориз,`рж, овес, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, тутун, маслодајна репка за човечка исхрана, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), за засеана или одржувана површина со луцерка, како и едногодишни и повеќегодишни лековити, ароматични, зачински растенија и цвеќе;

-Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија; -Минимум засеана површина збирно за сите култури е 0,5 ха во производната 2024/2025 година, со исклучок на тутунот каде што минимум засеаната површина е 0,2 ха и цвеќето за кој минимум засадена површина во 2025 година е 0,2 ха; -Висината на директни плаќања за сите наведени култури од алинејата 1 од оваа подмерка, без употреба на сертифициран семенски материјал изнесува 6.000 денари по хектар, освен за оризот каде што висината на поддршката изнесува 21.000 денари по хектар со исклучок на сортата чистач (clear fields) коja не е опфатенa со оваа подмерка;

- Висината на директните плаќања за пченица, јачмен и пченка, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар изнесува 13.000 денари по хектар; - Висината на директните плаќања за сончоглед и маслодајна репка, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар изнесува 10.500 денари по хектар; - Висината на директните плаќања за ориз, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар изнесува 28.000 денари по хектар со исклучок на сортaта чистач (clear fields) која не е опфатена со оваа подмерка; -Листата на едногодишни засеани култивирани лековити, ароматични и зачински растенија кои се предмет на директни плаќања согласно алинејата 1 од оваа подмерка е дадена во Прилог 1 кој е составен дел на оваа уредба; -Листата на повеќегодишни култивирани лековити, ароматични и зачински растенија кои се предмет на директни плаќања за алинеја 1 од оваа подмерка е дадена во Прилог 2 кој е составен дел на оваа уредба; - Табелата за минимално употребената количина на семе по хектар е дадена во Прилог 3 кој е составен дел на оваа уредба и -Висината на поддршката од алинеjaта 4, 5, 6 и 7 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 05 до 50 ха 100%, од 50 ха до 100 ха 60% и над 100 ха 30% збирно за сите култури.