Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска оствари средба со директорот на Јавното претпријатие Национални Шуми, Здравко Трајанов.
На средбата беше предадено привременото решение за користење на средства за инвестиција која ќе биде наменета за изградба на шумска инфраструткура (патишта) во рамките на Шумскостопанските единици, согласно мерка 122 - Инвестиции за зголемување на економската вредност на шумите, од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година. Вкупната финансиска поддршка изнесува 6 000 000 денари, односно 50% од вкупната барана вредност.