Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска во село Криволак и село Тимјаник, оствари средби со земјоделците, кои во најголем дел се лозари.
Карактеристично за неготинскиот регион е оджувањето на лозовите и овошните насади кои се најзастапени во овој дел од државата и во износот на исплатата на субвенциите влегува со над 85% од вкупно исплатените средства.
По програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година во општина Неготино, испалтени се вкупно 237.461.791 денари, односно, донесени се 9304 решенија за исплата.
По програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година, до сега се испалтени вкупно 120.693.985 денари, односно донесени се 2360 решениа за исплата.
На средбите со земјоделците, како дел од кампањата ,,Прашај ја Агенцијата,, и ,,Гласот што го слушаме,, на која се промовираат владините мерки за субвенционирање се и вработените од АФПЗРР, одговорни за преглед на документацијата но и контрола на терен. На сите присутни кои имаат некаков спорен момент во врска со нивните апликации, директно во системот им ги проверуваат сите податоци, а проблемите ги решаваат на самата средба. Една апликација содржи документи од повеќе институции, кои земјоделците поради неинформираност ги немаат комплетирано или се погрешно поднесени, при што беа упатени како овие недостатоци да ги елиминираат се со цел државната помош да им биде исплатена.







