Се интензивира спроведувањето на владините програми

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска оствари средба со државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

На работниот состанок, беше договорена зголемена комуникација меѓу двете институции и интензивирање на соработката во делот на спроведување на програмите креирани од страна на Владата.