Директорката на АФПЗРР Даниела Иротова Лазарева, на средба со земјоделците во Општина Крушево

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска во просториите на општина Крушево, оствари средби со земјоделците, кои во најголем дел се тутунари.

Пред присутните, комплетно во детали беа објаснети програмите за субвенционирање, но беше истакнато и деблокирањето на европските средства од ИПАРД програмата кои повторно се на располагање на апликантите.

Инаку во Крушево, по програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година се испалтени вкупно 140.506.660 денари односно се донесени 4540 решениа за исплата од кои 2414 се за тутун односно се исплатени 99.166.889 денари.

По програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година до сега се испалтени вкупно 190.759.921 денари односно се донесени 1900 решениа за исплата од кои 175.000.000 се за тутун.

Карактеристично за реонот од Крушево е садењето на тутун кој доминира со над 90% од деклариранит есубвенции, покрај тутунот исто така се апликациите за поледелски-градинарски култури, сточарството и пчелараството.

 

На средбите со земјоделците, како дел од кампањата ,,Прашај ја Агенцијата,, и ,,Гласот што го слушаме,, на која се промовираат владините мерки за субвенционирање се и вработените од АФПЗРР, одговорни за преглед на документацијата но и контрола на терен. На сите присутни кои имаат некаков спорен момент во врска со нивните апликации, директно во системот им ги проверуваат сите податоци, а проблемите ги решаваат на самата средба. Една апликација содржи документи од повеќе институции, кои земјоделците поради неинформираност ги немаат комплетирано или се погрешно поднесени, при што беа упатени како овие недостатоци да ги елиминираат се со цел државната помош да им биде исплатена.