Седми состанок на Комитет за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027

Директорката на Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, присуствуваше на седмиот состанок на комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027.

Покрај редовните претставници, во улога на набљудувачи учествуваа и претставници на: Европската Комисија (ГД за земјоделство), Управувачката структура, Ревизорското тело и Телото за управување со ИПАРД.

Согласно точките од дневниот ред за шестиот состанок, каде беа презентирани информации за состојбата со спроведување на ИПАРД, каде Европската Делегација изрази доверба во институциите за брзо и правично надминување на состојбата која настана поради потенцијалниот корупциски скандал за ИПАРД Програмата во Македонија.

На состанокот се донесоа повеќе заклучоци меѓу кои:

Модификација на ИПАРД Програмата 2021-2027 - Измените на програмата се усогласени помеѓу АФПЗРР, НАО и ТУ и истите треба да бидат доставени до ДГ АГРИ на одобрување. 

-Измена на процедури - АФПЗРР согласно предложените измени на ИПАРД Програмата 2021-2027, како и препораките дадени во ревизорските извештаи од страна на РТ и НАО, потребно е да изврши измени во внатрешните процедури за работа (опфатени се сите сектори во Агенцијата. Измените потребно е да се завршат до одобрување на модификацијата на програмата од страна на ДГ АГРИ, но не покасно од средина на Јули.

Во однос на динамиката - продолжува исплата на средства на авторизирани и одобрени барања за исплата. Истовремено се продолжува со склучување и на договори од јавните повици 01/2024 за Мерка 3 и 02/2024 за Мерка 7. Очекуван рок за комплетирање на договорите од овие два јавни повици е крај на месец Мај. За Јавниот повик 01/2025 за Мерка 1, административната обработка е завршена за предметите и се чека одговор од Одделението за проверка на базата на референтни цени. По добиените цени ќе се  започне со склучување на договори и од тој јавен повик. 

Нови јавни повици се очекуваат во 4ти квартал од 2026 година, односно по усвојување на модификациите на програмата, комплетирање на измените на процедурите, како и комплетирање на сите договори од активните јавни повици, односно затворање на повиците.