Почитувани
Со оглед на информациите кои беа објавени во медиумите за поврат на исплатени субвенции за произведен и предаден тутун, сакаме како Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, која е надлежна за прием на барања за исплата на субвенции, обработка на истите, спроведување на контроли (административни и на терен) и на крај исплата, сакаме да ве информираме дека:
Тврдењата од страна на произодителите на тутун кои имале исплатени субвенции а сега им се бара поврат на средствата, но тие незнаеле зошто, не се точни. Во секое изготвено решение наведено е точно каде и за колкав процент отстапува пријавеното од страна на земјоделецот со реалното сработено на терен.
Па така, со последните направени контроли, за подмерка 1.9,„ Директни плаќања за договорен и продаден ориентален, ароматичен, необработен тутун од реколта 2024 година“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2025 година, констатирани се разлики кај дури 91 тутунопроизводиотел. Според законот за земјоделство и рурален развој, изготвени се решенија за поврат на средства во вкупен износ од 20 962 193 денари.
За службите да бидат сигурни во донесените одлуки, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, изврши дополнителна проверка при што утврди дека кај дел од тутунопроизводителите констатирана е разлика поголема од 30%, помеѓу пријавените капацитети и капаците кои се утврдени со контролите.
А, согласно член 53, алинеја 4 од законот за земјоделство и рурален развој ,, доколку при контрола на самото место се утврди дека големината на површината на земјоделското земјиште е помала од 30% -50 % од големината на површината пријавена во барањето за директни плаќања, земјоделското стопанство целосно се исклучува од користењето на директните плаќања за дадената година.
За тоа, зошто се исплатени субвенции за кои сега се бара поврат на средствата, одговорност има само кај самите земјоделци кои не реално ги пополнуваат апликациите и си ја доведуваат во прашање државната помош. Со оглед на тоа дека, исплатата на субвенциите според одобрената програма, треба да се реализира до декември во тековната година, но само со цел, да им се излезе во пресрет на проиводителите на тутун, субвенциите им се исплатени во месец април 2025 година. Дури на 10 јули 2025 година започнало поднесувањето на единствените барања по површина/грло добиток од Програма финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година, по што се започнати и редовните контроли на кои службите кои имаат обврска сите апликации да ги поткрепат со доказ од терен, утврдиле разлики со над 30 % од пријавеното.
За крај, само да дообјасниме, а се надеваме дека и здруженијата на земјоделци од сите гранки, знаат, информирани се и треба, навремено да ги информираат своите членови дека субвенциите не се поврзани со реколта туку со капацитетите пријавени во тековната 2025 година, која во моментов е спорна за 91 тутунопроизводител.