Завршни активности за отпочнување на процесот за успешно аплицирање проекти за средства од ИПАРД 3

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, на денешниот состанок со сите раководители, направи увид во измените на процедурите за спроведување на ИПАРД3 програмата. Во текот на следната недела, како што брифираа раководителите на сектори, од страна на Агенцијата, сите ќе бидат завршени и предадени до НАО и ДЈ АГРИ на усогласување и одобрување, по кои ќе се распишуваат новите огласи.  Со ова, сакаме да ве информираме за тековните активности што ги спроведуваат сите надлежни институции со цел создавање услови за успешно поднесување на проекти за финансиски средства од ИПАРД 3 програмата.
Дополнително, до крајот на месецов се очекува да бидат склучени и последните 10 договори за Мерка 1 од претходно објавениот оглас, при што во целост ќе се заокружи процесот и ќе може да се распишат новите огласи за добивање на средства од Ипард 3 програмата.