5. ЈУБИЛЕЕН „МЕДЕН РАДОВИШ 2026“

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, помеѓу пчеларите на петтото, јубилејно издание на манифестацијата „Меден Радовиш 2026“. И оваа година на едно место се обединува традицијата, домашното производство, пчеларството и македонските производи.

„Меден Радовиш“ е манифестација која ги поврзува традицијата, културата, уметноста, домашното производство и луѓето, создавајќи место за дружење и промоција на македонските вредности.