Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денес имаше работен состанок со претставници од проектот, задолжени за подготовка на конечната рамка на Законот за заедничка организација на пазарите на земјоделски производители.
На состанокот беше разговарано за потребите од итно негово донесување, јасно дефинирани надлежности и процедури како и идентификување на постојните мерки кои по својата природа припаѓаат на заедничката организација на пазарите, но во моментот не се соодветно препознаени и соодветно регулирани, како и за потребата од нивно редефинирање и усогласување со европското законодавство, но и за улогата и надлежностите на Агенцијата во спроведувањето на предвидените мерки.
