Исплатени се 5716 пчелари во износ од 156.676.536 денари

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја исплати мерката  2.14 за регистрирано презимено пчелно семејство, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. На сметките на 5.716 пчелари се исплатени вкупно 156.676.536 денари.