Претставниците на Светска банка го потврдија видливиот напредок во реконструкцијата на новиот објект на Агенцијата

Во рамки на Проектот за модернизација на земјоделството, претставници на Светска банка денеска го посетија објектот во кој се одвива реконструкцијата и адаптацијата на новите простории на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. 

За време на посетата, заедно со директорката на Агенцијата, Даниела Иротова Лазарева, беше извршен увид во досегашниот тек на градежните активности и напредокот постигнат во изминатиот период.

Претставниците на Светска банка позитивно го оценија видливиот напредок на реконструкцијата, како и ангажманот и посветеноста на Агенцијата во следењето на реализацијата на проектот.

Претставници на Агенцијата секојдневно го следат текот на работите и се во континуирана комуникација и координација со надзорот, проектниот менаџер и изведувачот. Преку навремено решавање на административните прашања и континуирано инсистирање на почитување на договорената динамика, Агенцијата активно придонесува за непречено одвивање и забрзување на реализацијата на предвидените активности.

„Зад видливиот напредок стои секојдневна работа, координација и посветеност на сите вклучени во процесот. За нас е особено значајно што овој ангажман беше препознаен и позитивно оценет од претставниците на Светска банка. Продолжуваме со истата посветеност да ја следиме реализацијата сè до целосно завршување на реконструкцијата“, истакна директорката Даниела Иротова Лазарева.

Во текот на посетата позитивно беше оценета и организацијата на градилиштето, особено почитувањето на еколошките и социјалните стандарди, како и уредноста и безбедноста при изведувањето на работите.

Реконструкцијата на новиот објект е значајна за Агенцијата и понатамошното јакнење на административните и институционалните капацитети, особено во услови на реализација на обврски поврзани со спроведувањето на ИПАРД III програмата, активностите поврзани со исполнување на поставените цели и приоритети кон Агенцијата од DG AGRI како и подготовките за акредитација на дополнителни ИПАРД мерки.