Се подготвува Закон за заедничка организација на пазарите на земјоделски производители

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денес имаше работен состанок со претставници од проектот, задолжени за подготовка на конечната рамка на Законот за заедничка организација на пазарите на земјоделски производители.

На состанокот беше разговарано за потребите од итно негово донесување, јасно дефинирани надлежности и процедури како и идентификување на постојните мерки кои по својата природа припаѓаат на заедничката организација на пазарите, но во моментот не се соодветно препознаени и соодветно регулирани, како и за потребата од нивно редефинирање и  усогласување со европското законодавство, но и за улогата и надлежностите на Агенцијата во спроведувањето на предвидените мерки.

Нашата цел како што истакна директорката Даниела иротова Лазарева е воспоставување јасна законска рамка и функционален, транспарентен и ефикасен систем во кој ќе има прецизно дефинирани надлежности за ефикасна имплементација на мерките. Тоа  ќе придонесе за подобра организација на земјоделските пазари, поголема конкурентност и посилна поддршка за земјоделските производители. 
Агенцијата останува посветена на реформските процеси и усогласувањето со европските стандарди во земјоделството, децидна е Директорката.