СООПШТЕНИЕ

Северна Македонија ќе продлжи да биде лидер воискористеност на ИПАРД, тоа е влог во развој на земјоделството и економијата


Максималната искористеност на ИПАРД Програмите, ќе биде нашиот приоритет во следните две и пол години, посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, при денешната посета на компанијата„Вардарец“ во валандовско Удово, којашто е еден од успешните кориснице намерките од ИПАРД 2.

Министерот Николовски, посочи дека во февруари се очекува Европската комисија да ја усвои новата ИПАРД 3 Програма 2021-2027 за нашата држава иоткако ќе бидат завршени административните процедури, ќе биде објавен првиот јавен повик од ИПАРД 3.

„ Денеска сме лидери во регионот во искористеност на ИПАРД програмите и нашето знаење ќе го пренесуваме на останатите земји. Ова ќе биде фокусот на политикте во следните две и пол години, максимална искористеност на сите европски средства и нивно вградување во македонскиот агросектор, услови за македонското земјоделство, што повеќе корисници што ќе ги користат овие мерки, што повеќе средства коишто ќе бидат искористени и да продолжиме со успешните политики, да продолжиме да бидеме лидери поискористеност и ИПАРД. Денеска сме во посета на компанијата „Вардарец“ којашто е домашна компанија и пример како од нула може да се искористат европските фондови коишто значат дополнителна вредност за македонската економија, за целокупниот сектор, за нови работни места“, изјави министерот Николовски.

На посетата на компанијата присусутвуваа директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски,градоналачникот на Валандово Перо Костадинов и основачот на компанијата, ЛазарКавазов.

Директорот на Платежната агенција Бачовски, посочи дека преку Агенцијата на компанијата и се исплатени 300илјади евра за инвестиции во изградба на објектот, набавка на опрема запреработка на млекото и за преработка на млечните производи и усовршување настандардите на ХАСАП системот.

„ИПАРД 2 програмата функционира досега перфектно, доаѓаме во една фаза вокоја го носиме приматот на лидери на Западен Балкан, каде што останатите државидопираат до нас за да ги искоритат нашите искуства и знаење, работиме и натамуна носење на програмата ИПАРД 3. ИПАРД Програмата е широка, која што нудиподдршка, и за капацитетите за преработка на млеко, на вино, откупни центри,кланици и останати капацитети кои што нудат преработка, но и капацитетит коишто го развиваат руралниот туризам, следствно на тоа се развиваат руралнитесредини при што директно се влијае на развој на урбаните и на руралнитесредини“, изјави директорот Бачовски.

Градоначалникот на Валандово Костадинов изјави дека ваквите инвестициизначат сериозен развој и за региотн.

„На нас како локална самоуправа ни е многу значајно што на овааиндустриска зона се полнат парцелите со нови инвеститори, но исто така сепокажува и спрегата и партнерскиот однос на државата, приватниот сектор илокалната заедница. Семејството Кавазови, млекара Вардарец е многу битенекономски субјект за Валандово, посебно начинот на кој што компанијата серазвива, односот кој што го има со кооперантите како и со своите клиенити, и солокалната наша заедница“, рече градоначалникот Костадинов.

Основачот на компанијата Кавазов изјави дека оваа компанија постои иуспешно работи 25 години со производство на млеко и преработка на млечнипроизводи, а благодарение на ИПАРД инвестирале во модернизација напроизводството.

Министерот Николовски посочи дека во преидот од 2017 до 2019 година сестави силен акцент на искористувањето на европските фондови, се олеснијапроцедурите за аплицирање за мерките, се скрати времето за потшиување надоговорите од 12 на 6 месеци што придонесе за зголемена искористеност на ИПАРДпрограмите.Вкупно за период 2017 – 2019 година исплатени се околу 20 милиониевра за 1.198 корисници, а од 2017 заклучно со 2021 година преку ИПАРДПрограмата се исплатени близу 35 милиони евра за 2.098 корисници.