СООПШТЕНИЕ

Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и заменик директорот на Земјоделскиот институт Душко Неделковски денес беа во посета на Институтот за ориз – Кочани каде најкарактеристична земјоделска култура е оризот. Кочани е познат како град на оризот – град на белото злато. Пределите околу Кочани имаат идеални услови за одгледување квалитетен ориз кои се од големо значење за нашата држава.
Посетата продолжи во истиот регион кај оризопроизводителот Орце Манев кој е добитник на комбајн за ориз. Орце Манев аплицирал на јавниот повик 03/2021 за финансиска поддршка во вид на ко-финансиранње на набавка на специјален комбајн за жнеење на ориз со сецкалици. Со склучениот договор Орце Манев добива државната финансиска поддршка близу 650 илјади денари за комбајн за жетва на ориз ” Донг Фенг “ односно 50% вкупната вредност на инвестиицјата.
Директорот на АФПЗРР Никица Бачовски истакна дека инвестициите во ваков вид на механизација ги намалува производните трошоци, а воедно го решава и проблемот со отпадот, односно оризовата слама.
”Оваа мерка по првпат се имплементираше минатата година. Истата беше вметната во програмата за рурален развој на барање на оризопроизводителите кои се и крајни корисници на поддршката. На минатогодишниот јавен повик аплицираа 25 оризопроизводители и со сите се склучени договори за финансиска поддршка. Ја користам приликата да ги повикам сите заинтересирани да аплицираат на актуелниот повик за набавка на комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и сушари за ориз кој е објавен од страна на Агенцијата со краен рок за доствување на барање на 06.07.2022” – информираше Бачовски.