СООПШТЕНИЕ

Бачовски : Исплатени се субвенциите за произведен и продаден тутун за реколта 2021


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурланиот развој на сметките на 17.087 корисници , исплати 1.276.178.716,00 денари за произведен и продаден тутун од реколта 2021 година. Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – Бачовски , информира дека станува збор за исплата на сите корисници на оваа подмерка кои правно законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка по оваа мерка.

„Средствата се веќе слеани на сметките на сите производители кои што произведениот тутун го предале во регистрираните откупни центри“ – информира Бачовски.

Се работи за висина на директни плаќања кои изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун , 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа произведен и предаден тутун од реколта 2021 година.