СООПШТЕНИЕ

Бачовски : Реализирана исплатата за градинарски и овошни култури предадени во преработувачки капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата по основ допоплнителни директни плаќања за градинарски и овошни култури предадени во преработувачки капацитети
3942 производители на градинарски култури кои своето производство го предале во преработувачки капацитет добиваат финансиска поддршка од 230 милиони денари
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и се корисници од подмерка 1.4, а кои оствареното производство го предале во преработувачки капацитети за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2020 – 25 декември 2021 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет – запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
На 178 производители на овошни култури исплатени се над 16 милиони денари за дополнителни директни плаќања од подмерката 1.7 за овошни култури предадени во преработувачки капацитети.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со следниве овошни видови : вишна ,малина, капина, аронија, гоџи бери,кајсија,јагода и киви и се корисници од подмерка 1.7 , а кои оствареното производство на овошје го предале во преработувачки капацитети за овошје директни или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2020 година - 25 декември 2021 година , запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи .
Висината на директните плаќања за овие две подмерки изнесува 3 денари по килограм.