
Хрватското искуство за повлекување на средства од ЕУ фондовите драгоцено за Македонија
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, и посебната советничка за земјоделство на Премиерот на Владата на РМ, Ленче Николовска, ја посетија Хрватската Платежна Агенција. Македонските претставници ги прими директорката на хрватската Платежна Агенција, Матилда Цопиќ. Таа на нејзините колеги им ги презентираа придобивките на Хрватска од членството во Европската унија. Директорот на АФПЗРР, Бабовски, се заблагодари за поддршката што неговата колешка Цопиќ и Агенцијата со која таа раководи ја даваат на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Бабовски и Цопиќ, истакнаа дека соработката помеѓу двете Агенции продолжува, но и се зајакнува посебно по потпишувањето на меморандумот за соработка, се со цел во наредниот период земјава да искористи што повеќе европски средства.
„Искуството на Хрватската Платежна Агенција во повлекувањето на средствата од ЕУ фондовите ни се од особено значење со оглед на нашиот евроинтеграциски пат. Размената на искуства, соработката на двете агенции ќе продоолжи и понатаму, а се во интерес на земјоделците и агробизнисмените. – исткана директорот на АФПЗРР Николче Бабовски.
Цопиќ, исткана дека со влегувањето во европското јато сите земји добиваат повеќе средства за развој на земјоделство. Таа додаде дека 2, 5 милјарди евра европски средства се слеале во агро - секторот откако Хрватска стана членка на ЕУ.
„По влезот на Хрватска во ЕУ,за десет пати се зголеми финансиската поддршка во земјоделството. Досега искористивме 2 милјарди и 400 милиони евра од Европските фондови наменети за агро – секторот. Годишно хрватските земјоделци имаат на располагање 800 милиони евра субвенции.“ – рече директорката на Платежната Агенција на Хрватска, Матилда Цопиќ.
Бабовски, Николовска и Цопиќ, разговараа и за директната поддршка за земјоделците, за начинотт на кој Македонија треба да ги прилагоди нормите и стандардите до оние кои ги бара ЕУ. Потенцираа и дека членството на Македонија во ЕУ ќе значи и отворање на пазар од 500 милиони жители, силна финансиска поддршка за македонските земјоделци и големи капитални инвестиции во агро – секторот. Само со силен агро – сектор може да се достигнат бараните ЕУ стандарди, да се зголемуваат приносите и извозот.