На сметките на 36 апликанти, деновиве ќе легнат средствата предвидени како аванс за реализација на инвестицијата, додека пак 50 млади земјоделци ќе бидат целосно исплатени бидејќи веќе ја завршиле набавката на потребната опрема, предвидена со мерката 112.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува младите земјоделци, кои имаат склучен договор по огласот 02/2025, мерка 112, кои целосно ја реализирале инвестицијата, да поднесат барање за исплата на средствата одобрени со договори.
Обврската на сите апликанти, согласно потпишаниот договор со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, е до 30.11.2025 година, комплетно да ги завршат сите обврски, да ја набават комплетната опрема за која имаат аплицирано и да ги достават документите за исплата.
На 10.04.2025 година, беше објавен јавниот повик бр.02/2025 за мерка 112, на кој аплицираа 254 земјоделци од кои одобрени се 117 апликации со вкупна вредност од 69 милиони денари.