СООПШТЕНИЕ

АФПЗРР : Реализирана исплата од 123.2 милиони денари за 9563 овоштари

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на финансиската поддршка за мерка 1.7 – директни плаќања по обработлива земјоделска површина за оддржување на постоечки овошни насади.
Корисници на оваа подмерка се сите земјоделски стопанства кои имаат минумум 0,2 ха површина со постоечки овошни насади и се регистрирани во ЕРЗС.
Висината на директните плаќања изнесуваа 12.000 денари по хектар. Вкупната финансиска поддршка изнесува 123.2 милиони денари за 9563 овоштари.
Оваа мерка по првпат се имплементира од оваа година. Со оваа исплата, 30% од буџетот за поддршка на овоштарите се исплаќа во 2022 година за програмата за земјоделство 2022, што е значителен придонес во правец на навремена поддршка за земјоделците,, - информира директорот Бачовски.
Вкупната финансиска поддршка преку програмата за директни плаќања, програмата за интервентен фонд, програмата за рурален развој, како и ИПАРД програмата во календарска 2022 година изнесува 140 милиони евра.