СООПШТЕНИЕ

Исплатени субвенциите за произведен и предаден тутун
 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурланиот развој на сметките на 15.753 корисници , исплати 1.612.876.774,00 денари за директни плаќања за договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2022 година.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на сите производители кои правно законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка по оваа мерка.

„Средствата се веќе слеани на сметките на сите производители кои што произведениот тутун го предале во регистрираните откупни центри“ – информира Бачовски.


Се работи за висина на директни плаќања кои изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун , 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа произведен и предаден тутун од реколта 2022 година.