ИЗВЕСТУВАЊЕ: Во тек е поднесување на барањата за дополнителни директни плаќања за произведени и предадени јаболка од реколта 2022 година.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на јаболка дека е во тек поднесувањето на барањата за дополнителни директни плаќања за произведени и предадени јаболка од реколта 2022 година.

Корисници се земјоделски стопанства кои добиле субвенции за одржување на површини со јаболкови насади за 2022 година и оствареното производство на јаболка го имаат предадено на регистриран откупувач или преработувач во период од 15 септември 2022 година до 15 мај 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм.

Во прилог на барањето се доставува потврда издадена од регистриран откупувач или преработувач. Потврдата е објавена на веб страната на Агенцијата.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 30 јуни 2023 година.

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство а доколку имаат потреба од помош можат да се обратат во подрачните единици во МЗШВ. Линкот за пристапување до апликацијата е: www.ipardpa.gov.mk  - Директни плаќања е-субвенции. Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.